Прилеп од септември со свое градежно земјиште

Bez autora
Jul 11 2011

Општинските власти во Прилеп очекуваат од септември и практично да располагаат со државното градежно земјиште. Ингеренциите за земјиштето ги презедоа од 1 јули, но тој процес треба го официјализира Советот на Општината. Советот на седница треба да ја усвои годинашната програма, како еден од условите за преземање на ингеренциите. Се' додека Советот на Општината не ја донесе годишната програма, земјиштето не може да се продава. Тоа треба да се официјализира летово. Треба да се изработат и деталните урбанистички планови, односно се' што е предвидено со Генералниот урбанистички план практично да се примени, за потоа да се распишуваат тендери и да се најдат инвеститори. Општината ќе располага со земјиште наменето за изградба на колективни и индивидуални станбени објекти, како и за трговски центри и за спортски капацитети.

Прилеп од септември со свое градежно земјиштеОпштинските власти во Прилеп очекуваат од септември и практично да располагаат со државното градежно земјиште.

Ингеренциите за земјиштето ги презедоа од 1 јули, но тој процес треба го официјализира Советот на Општината. Според градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески, Советот на седница треба да ја усвои годинашната програма, како еден од условите за преземање на ингеренциите.

„Се' додека Советот на Општината не ја донесе годишната програма, земјиштето не може да се продава. Тоа треба да се официјализира летово. Треба да се изработат и деталните урбанистички планови, односно се' што е предвидено со Генералниот урбанистички план практично да се примени, за потоа да се распишуваат тендери и да се најдат инвеститори“, вели Ристески.

Општината ќе располага со земјиште наменето за изградба на колективни и индивидуални станбени објекти, како и за трговски центри и за спортски капацитети. Како што најавува градоначалникот Ристески, откако општините ќе го инсталираат и потребниот софтвер за електронско наддавање, ќе можат да ги спроведуваат постапките за продажба или за давање под закуп на државното неизградено земјиште. За тој процес воедно локалната самоуправа треба и добро да се доекипира. Неколку вработени во локалната администрација веќе се обучени и добија лиценци, а уште десетмина ќе ги посетуваат обуките што ќе ги организира Министерството за транспорт.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik